СЛУЧАЈ „АКТОР“: Грците молчат, македонските институции не читаат интернет, на потег е Европската банка?!
И по неколку дена произивки од СДСМ, молк во институциите што опозиционерите ги повикаа да дадат одговори за тоа како се трошат парите од кредитите наменети за изградба на автопатот Демир Капија- Смоквица.
СДСМ тврдат дека милионските суми што грчките државјани ги излекувале, не излегувале од Македонија.
Вицепремиерот за економски прашања и министер за финансии Зоран Ставрески, им порача на опозиционерите доколку имаат документи да ги достават до Јавниот Обвинител. Од Агенцијата за финансиско разузнавање изјавија дека директорот бил на состаноци, а немале интрнет конекција за да им се пратат прашања. Од кабинетот на директорот на Агенцијата не сакаа да коментираат за обвинувањата на СДСМ. А токму Агенцијата е најповикана во случајот. Од СДСМ тврдат дека офицерите на филалијалата на Стопанска банка во Неготино преку која што оделе извлекувањата на парите,пријавиле подигнувања кеш во огромни суми, над 15.000 евра.
- Агенцијата за финансиско разузнување отворила случај, но по нечиј налог постапката е стопирана. Агенцијата била должна да испита, посебно што станува збор за пари кон странски државјани, што не е пријавено дека ги изнеле парите надвор од државата. Значи тие пари останале во Македонија. Според Законот за спречување перење пари, непостапувањето од страна на надлежните во Агенцијата во случај како овој е кривично дело. Институциите каде што е пријавен случајот , го прекршиле законот, штитејќи некој од братучедско-кумската група која што ја води Владата, изјави на вчерашната прес- конфернција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Според сознанијата на СДСМ, парите се извлекувале преку однапред утврдена шема:
Трансакциите на извлекување на парите во кеш преку грчката компанија “Актор” која ја гради делницата, се реализираат преку Стопанска банка А.Д Скопје, филијала Неготивно. Ги подигнуваат физички лица, државјани на Грција кои помеѓу 1-ви и 10-ти секој месец наменски влегуваат во земјава, а кои воопшто не се ангажирани за изградба на автопатот. Доаѓаат со автобус во банката во Неготино ги подигнуваат парите во евра, ги предаваат во просториите на банката на едно лице, а потоа со автобусот заминуваат во Грција. При секоја исплата до оној кој подига пари е присутна сметководителката на фирмата Актор, Атина Зиога, на која што и се дава подигнатата сума, објаснуваат од СДСМ.
Стопанска банка: банката работи согласно законите
Од централата на Стопанска банка во Скопје велат дека банката работи во согласност со законите и процедурите во Македонија, а откривањето на детали за банкарските транскации на клиентите се смета за строга банкарска тајна, објаснуваат од Стопанска банка.
Од СДСМ велат дека за не цела година во земјава за оваа цел влегле 96 лица државјани на Грција, некои влегле два паи, некои три пати, а некои имале четери влеза во Македонија. Според сознанијата на партијата, парите во кеш им се исплаќале по основ на договор на дело или хонорар од грчката фирма “Актор”. На овој начин досега биле извлечени 3,5 милиони евра во кеш, парите од кредитите наменети за изградба на делницата, тврдат од СДСМ.
Според документите како што велат од СДСМ, едно лице државјанин на Грција за само три месец извлекло 250.000 евра во кеш. Според трансакциите други 9 лица со исто презиме Константинос подигнале 313.000 евра, а 8 лица со исто презиме Димитриос подигнале 282.000 евра.
- Фирмата “Актор” АДГ Грција-Подружница Скопје во Македонија соработува и со друго правно лице, “Топометрија”,чиј сопственик е Георгос Папастамос, од чиј сметки се одлеваат пари кон истите физички лица , граѓани на Република Грција. Во еден ден преку нивните сметки се одлевани по 200 до 300 и повеќе илјади евра. Во април 2013 година преку 10 трансфери се одлеани 200 илјади евра. Во мај во еден ден преку 6 трансфери се одлеани 263 илјади евра. Следниот месец пак во еден ден преку 4 трансфери се одлеани 350 илјади евра. Ако вака продолжи извлекувањето на пари во кеш наменети за автопатот, од вкупната обезбедена сума за изгрдбата во висина од околу 270 милиони евра,преку 30.000 евра ќе завршат во нечии џебови. Во чии џебови годподине премиере Никола Груевски, грчки или македонски,или заеднички? изјави Шилегов.Од претставништвото на компанијата “Актор”, не сакаа да коменираат ништо,бидејќи директорот бил на пат во странство и ќе се врател за еден месец. ВМРО ДПМНЕ: Проектот се реализира според законите И по неколкуте прозивки и обвинувања од опозцијата, од владејачката ВМРО ДПМНЕ не отстапуваат од првичниот став- тврдат дека за реализацијата на проектот се почитуваат сите европски и македонски законски правила. Од партијата велат дека се прават месечни состаноци со претставниците на Европската Комисија за текот и реализацијата на проектот. Вакви состаноци како што велат од ВМРО ДПМНЕ, се прават и со претставници од европската Инвестициона банка и од Европската банка за обнова и развој, на кој се констатирал финансиски и физички прогрес на целиот проект.
-Немајќи за што да ја критикуваат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ креираат манипулации, создаваат фиктивна реалност и за се што се гради напаѓаат. Зарад паниката СДСМ одат до таму што ги критикувасат и ја ставаат под прашање транспарентноста и интегритетот на многу европски институции.Сите надлежни државни институции ги почитуваат законите на Република Македонија и меѓународните стандарди утврдени од партнерските европски институции.Каде и како фирмата ги троши парите, дали за работници, дали за опрема, машини или градежни материјали господинот Шилегов треба да си ја праша фирмата која го добила тендерот, тендер кој е верификуван од сите релевантни европски институции. Доколку се сомнева во нивната работа, секако дека има начин тоа да го пријави до институциите, а институциите ќе си постапат, велат од ВМРО ДПМНЕ.Вредноста на проектот е проценета на околу 270 милиони евра По неколку одложувања, автопатот Демир Капија – Смоквица почна да се гради во 2012 година. Делницата е долга 28,2 километри. Вредноста на проектот е проценета на околу 270 милиони евра, а парите се обезбедени од ЕИБ, ЕБОР, и ИПА претпристапните фондови на европската Комисија . На јавниот повик за избор на градежна компанија, на почетокот на 2012 година, понуди доставија 14 европски и еден конзорциум од Кина. По јавните прозивки за сомнителните трансакции веројатно токму европјаните ќе бидат тие кои ќе побараат детално чешлање на документацијата, Грчката компанија Актор, италијанскиот конзорциум Тодини и турската Мапа имаа доставено најдобри понуди, но сепак за најповолна понуда беше избрана таа на “Актор”. Изградбата на оваа делница е еден од клучните инфраструктурни проекти, и со неа целосно ќе биде заокружена изградбата на Коридорот 10 на ниво на автопат. Токму Коридорот 10 е најзначајниот елемент на централната транспортна мрежа која ги поврзува Република Грција со Австрија. Ј.С.
Слично
