Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ АФЕРА: Захир Бекири-Чауш во судница

СЛУЧАЈ АФЕРА: Захир Бекири-Чауш во судница

Денеска во суд е Захир Бекири-Чауш кој е главен осомничен во случајот „Фабрика за афери“ или аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи.

Неодамна од основното јавно обвинителство  поднесе обвинение против Захир Бекири-Чауш.

Дел од медиумите пренесоа дека Началникот на финансиски криминал во Бирото за јавна безбедност –Сашо Јовановски пред судот сведочел дека во запленетите компјутери на Чауш имало фајлови кои се совпаѓаат со 105-те лични карти кои новинарот на Фокус ги објави.

Имено, Јавното обвинителство го товари Захир Бекири-Чауш дека направил неколку кривични дела.

Од оваа институција соопштуваат дека обвинетиот Бекири изработувал и набавувал оружје и средства наменети за извршување на кривично дело, потоа дека фалсификувал исправа, злоупотребувал лични податоци.

„Обвинетиот З.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22, две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл.22 , три кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 сите од Кривичниот законик, додека пак обвинетиот И.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22, кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1  и две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 сите од Кривичниот законик“, стои во соопштението на обвинителството.

Од обвинителство тврдат дека прибавиле обемна материјална документација, спроведени се претреси, направени вештачења, споредбени анализи и беа испитани голем број на сведоци.

Пред одреден период беа приведени братот и сестрата на осомничениот Чауш .

И двајцата се осомничени за фалсификување на документи.  Месец дена по обелоденувањето на аферата, со која се откри дека на две тајни локации се изработувале повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти, Обвинителството информира дека е откриена е тајна работилница.

Обвинителство тврдеше дека при претресот дома кај Бекири се пронајдени  опрема за фалсификување, преси, секачи, обрасци за патни исправи, лични карти и друго.

„Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи. Пронајдениот материјал е одземен и е предмет на натамошна анализа и истражување“-велат од  Обвинителството.

Според обвинителот, Бекири во домот имал преса, секачи,амблеми, но и лажни полномошна од нотари.

Слично

Поврзани вести