Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случаен минувач нашол бебе оставено на зелена површина во Сараево

Случаен минувач нашол бебе оставено на зелена површина  во Сараево

Случаен минувач пронашол оставено бебе во босанскиот главен град Сараево. 

Во полициската управа Ново Сараево e пријавено дека на улица во населбата Врача e оставено бебе. Eкипа на Заводот за итна медицинска помош и полицијата излегле на лице место.

Детето е пренесено во Универзитетскиот клинички центар во Сараево на дополнителни испитувања, пренесува „Независне“.

„Полицијата на кантонот Сараево околу 11 часот била известена дека на улицата Дервиш Нумиќ, општина Ново Сараево, на зелена површина има оставено новороденче. За сè е известен дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, кој овластил полициски службеници да извршат истрага на местото каде што е пронајдено новороденчето“, соопшти тамошното МВР.

Полицијата работи на расветлување и документирање на настанот. Во 2020 година кај Тузла во БиХ, двајца инженери во кеса најдоа бебе старо еден ден, и тоа пред да фатат поројни дождови.

Слично

Поврзани вести