Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенците децидни – нема да бараат европска помош за спас на банките

Словенците децидни –  нема да бараат европска помош за спас на банките
Словенија е подготвена сама да ги реши своите проблеми и не е под никаков притисок за да бара помош, смета словенечкиот министер за финансии, Урош Чуфер. „Не чувстувам никаков притисок. Напротив, сите знаат дека имаме многу пари на сметките и дека до сега сме подготвени своите проблеми да ги решаваме сами“,  изјави тој по доаѓањето на неформалното заседание на Еврогрупите во Вилнус, Литванија. Според германскиот весник „Ханделсблат“, Европската централна банка е заинтересирана Словенија да побара финансиска помош во рамките на Европскиот стабилизациски механизам. Истовремено, веќе подолго време се шпекулира дека земјата е следен кандидат кој има попотреба од финанскиска помош, поради проблематичниот банкарски сектор. Ова за Чуфер, не е тема на заседаниетона Еврогрупата од каде тој не очекува ништо посебно. „Ќе ги претставиме можностите во Словенија, одлуката за ликвидација на Пробанка и Фактор Банка, како и подготовката на буџетот за идната година“, информираше министерот.
Слично

Поврзани вести