Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОВЕНЦИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА: Ќе кренеме ограда долж границата

СЛОВЕНЦИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА: Ќе кренеме ограда долж границата

Ако не запре бранот на бегалци кон нашата земја, Словенија ќе дигне ограда по хрватската граница. Тоа, го изјавил словенечкиот премиер Миро Церар по седницата на Националниот совет во Љубљана.

Тој истакна дека земјата има подготвеност да дигне оградата веднаш, без оглед од договорот што беше постигнат за балканскиот пат за подобра соработка меѓу земјите, кои се борат со миграционата криза.

„Како премиер јас сум подготвен да сторам сé за да ги заштитам словенечките интереси, мирот и безбедноста на нашите луѓе“, изјавил Церар по средбата, на која присуствуваа сите министри и лидери на политичките партии во земјата. „Ние не сакаме во Европа да има ѕидови, но ако бидеме принудени, имаме подготвеност уште утре наутро да поставиме технички бариери долж границата со Хрватска“, додал тој.

Само во последните 12 дена во Словенија од соседна Хрватска дошле 89 789 лица. Министерството за внатрешни работи во Загреб објави дека по 16 септември од Србија во Хрватска пристигнале 266 265 лица.

Потсетуваме дека австрискиот министер за внатрешни работи, исто така, навести за изградба на ограда на границата со Словенија.

Слично

Поврзани вести