Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенците сакаат да штедат, ама повеќе нема од што да скратат!

Словенците сакаат да штедат, ама повеќе нема од што да скратат!
По повеќе години на континуиран раст на штедните влогови на граѓаните во Словенија, изминатава 2012 година се бележи мал, но невообичаен досега пад на штедењето. Според податоците од банките, штедењето на домаќинствата во трите најголеми домашни банки во првите девет месеци од оваа година падна за 360 милиони евра. Само од јуни до септември, депозитот на граѓаните на штедните сметки во Нова љубљанска банка (НЛБ) се намалиле за 190 милиони евра, пренесува љубљанскиот весник Дневник. Ваков е случајот и во останатите словенечки банки, вп кои исто така се бележи пад на заштедата на словенечките домаќинства, која традиционално отсекогаш била висока.
Слично

Поврзани вести