Словенците порачуваат: Не сме Кипар!
Новата премиерка на Словенија Аленка Братушек порача дека нејзината земја нема да биде “новиот Кипар“ и дека покрај пишувањата на медиумите таа сепак ќе најде решение за кризата.
Словенија е стабилна држава и нема потреба, а и непримерно е да се споредува со Кипар. Словенија можа сама да ги реши своите проблеми, изјавила премиерката.
Сепак како што јавува ХРТ во Словенија, двете најголеми државни банки веќе забалежале загуба од половина милијарди евра, и тоа пред оданочувањето, а исто така ги “јадат“ и кредитите за државните фирми.
За дел од решенијата потребна е докапитализација, но државата нема средства за тоа, наведува ХРТ.
За Словенија веќе подолго се зборува како следна членка на ЕУ на која ќе и е неопходна помош, земјата е уморна и од демнострации и социјалните немири, според „Вашигтон пост“ редот на оваа земја веќе е пристигнат.
Доколку Словенија има своја валута проблемот полесно ќе се реши, меѓутоа таа ја нема и затоа се наоѓа на работ на провалијата, заклучува „Вашингтон пост“ во тектот во кој се наведува дека веста за Кипар веќе е стара, а Словенија е новата земја за која треба да се грижиме.
Слично
