Словенците бараат работници-од возачи на камиони до заварувачи ….
Бројот на невработени во Словенија, според податоците на Државниот завод за вработување, во мај оваа година во однос на ист месец минатата година е намален за девет одсто.
Кон крајот на мај на евиденцијата биле пријавени 102 000 лица кои бараат работа, што е три одсто помал во однос на април и дури девет одсто е помал во однос на мај лани.
Словенечките работодавци во моментов нудат повеќе од 400 слободни работни места за келнери, а нешто помалку за возачи на камиони, неквалификувани работници за работа во индустријата на едноставни работи, како и чистачи и хигиеничари, а од стручните занимања често се барани уште и електроинсталатери, металостругари и заварувачи.
Според податоците на статистичкиот завод, стапката на невработеност во моментов е 12 одсто и е во благ пад.
