Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија запре 2 000 имигранти, дочекани со кордон и кучиња!

Словенија запре 2 000 имигранти, дочекани со кордон и кучиња!

Словенечките граничари им го попречиле ноќеска влезот на скоро 2 000 имигранти кои сакале да ја преминат границата од хрватска територија крај село Тарновец.

Словенечките власти ги оправдале своите постапки со тврдењето дека Австрија одбила да прими повеќе луѓе, бидејќи не може да обезбедат сместување и храна.

Австриската новинска агенција „APA“ ја демантира оваа информација. Според агенцијата австрискиот министер за внатрешни работи го уверил словенечки колега дека Австрија ќе прифаќа и понатаму бегалци, макар и да не е во можност да преземе поголем проток на луѓе.

Во меѓувреме нашето Министерство за внатрешни работи соопшти дека од 19 јуни до 18 октомври 152 830 мигранти влегле во државата.

Слично

Поврзани вести