Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија забрани масовни дочеци на Нова година на отворено

Словенија забрани масовни дочеци на Нова година на отворено

Словенечката Влада забрани дочек на Нова година на отворено. 

Државата денеска забрани масовни дочеци на Нова година на отворено, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на ковид-статусот.

За  божиќните и новогодишните празници, на 24, 25 и 31 декември, како и на 1 јануари, ќе биде дозволено да се соберат лица од најмногу три домаќинства, под услов претходно да се тестираат сите постари од шест години. 

Валидноста на брзиот антигенски тест е скратена на 24 часа, а на ПЦР на 48 часа.

Во рестораните е дозволена и музика во живо, а гостите ќе можат да се тестираат непосредно пред да влезат во просторот.

Во црквите ќе се одржат полноќните богослужби, но ќе можат да присуствуваат само вакцинираните, оние кои преживеале ковид-19 или имаат негативен тест.

Во Словенија беше потврден омикрон сојот, а тој веќе е присутен во повеќето балкански земји, односно во 110 држави во светот. 

Слично

Поврзани вести