СЛОВЕНИЈА ВРАБОТУВА ЛЕКАРИ: Се бараат странци
Словенија има потреба од лекари, и ќе мора да ги „увезе“ од странство.
Ова е овозможено со измените на Законот за лекарска служба кои од денеска стапуваат на сила.
Словенечките болници од денеска може да вработуваат лекари специјалисти од трети држави што не се членки на Европската унија, но најмногу до една година и со одобрение од Министерството за здравство.
На тие лекари стручна гаранција за работата треба да дадат три домашни лекари од иста специјалност.
Владата ги предложи тие измени за да реши проблем со недостиг од специјалисти во водечките болници. Освен кардиолози, во болниците во Словенија изразен е недостигот на анестезиолози. На повик од болниците на помош им доаѓаат анестезиолози од хрватските градови Риека и Загреб.
