Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОВЕНИЈА ВОВЕДУВА КАРАНТИН: Заштитни маски и на отворено, за Велигден до шест лица од две домаќинства

СЛОВЕНИЈА ВОВЕДУВА КАРАНТИН: Заштитни маски и на отворено, за Велигден до шест лица од две домаќинства

Словенечката влада денеска ја прифати препораката на епидемиолозите да воведат построги анти-ковид мерки поради зголемениот број на новоинфицирани лица во земјата, односно каранти  кој ќе трае 11 дена, од 1 до 11 април.

За време на овој период, повторно ќе биде забрането движење надвор од регионите, освен на денот Велигден, кога ќе биде можно да се соберат до шест лица од две домаќинства заедно со деца од исти семејства. Поголемиот дел од јавната администрација ќе воведе работа од дома, што покрај користењето на годишен одмор, им се препорачува и на државните компании и приватните работодавци.

Исто така, повторно се воведува задолжителното носење заштитни маски на отворено.

-Построгите услови и ограничувања за влез во Словенија ќе стапат на сила од утре без исклучоци, а за влез ќе важат само негативните ПЦР тестови изјави за медиумите министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Премиерот Јанез Јанша рече дека се воведуваат построги контроли на надворешните граници заради „алармантната состојба“ во врска со растот на епидемијата во некои земји на Западен Балкан. Словенечката влада денеска објави дека во земјата има 640 новозаболени лица што е  18,8 проценти од вкупниот број тестирани. Со уште седум смртни случаи, бројот на починати од Ковид-19 во Словенија се зголеми на 4.018.


Слично

Поврзани вести