Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија тоне во долгови

Словенија тоне во долгови

Словенија почна да тоне во долгови. Ова го покажуваат податоците на централната банка.

Надворешниот долг на државата е над 108 отсто од БДП.  Бруто надворешниот долг на Словенија на крајот на декември лани беше 50,8 милијарди евра, што е 108,3 отсто од бруто домашниот производ по тековни цени, додека бруто надворешните побарувања изнесуваат 51,2 милијарди евра.  Како што објави агенцијата СТА, бруто надворешниот долг, како дел од вкупниот долг на земјата по задолжување од странски кредитори, лани се зголемил за 3 милијарди евра во однос на истиот месец во 2020 година. Нешто помалку од половина од надворешниот долг бил долг на општата влада, а нешто повеќе од една петтина (21,5 отсто) бил долгот на комерцијалните банки и централната банка. Инаку, Словенија важи за земја која од екс југословенските републики има највисоки плати. На многу рангирања таа е лидер во регионот. 

Слично

Поврзани вести