Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОВЕНИЈА СО МЕРКИ ПРОТИВ ВИРУСОТ: Маските задолжително во затворено

СЛОВЕНИЈА СО МЕРКИ ПРОТИВ ВИРУСОТ: Маските задолжително во затворено

Словенечкото министерство за здравство потврди нови шест случаи на заразени со корона вирусот во последните 24 часа, заради што Владата на Словенија веднаш донесе одлука, заштитните маски да бидат повторно задоложителни за граѓаните во затворени објекти, како и во јавниот превоз.

Инаку, до сега во Словенија се регистрирани вкупно 1.547 лица, позитивни на Ковид-19, а само 7 се хоспитализирани. Смртни случаи од почетокот на епидемијата има вкупно 111.

Словенечката Влада информира дека новите случаи се лица кои дошле од странство, но бројот се зголемува поради укинувањето на рестриктивните мерки. 


Слично

Поврзани вести