Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија се соочува со инфлација каква немале повеќе од една деценија

Словенија се соочува со инфлација каква немале повеќе од една деценија

Растат цените и во Словенија. Оваа земја месецов забележа највисока инфлација во последниве 13 години. 

Потрошувачките цени во ноември 2021 година се зголемени за 4,6 отсто во однос на истиот месец лани. Тоа е највисока инфлација од октомври 2008 година, кога изнесуваше 4,9 отсто, објави денеска словенечкиот државен завод за статистика.

Сегашниот раст е последица на високите цени на нафтата и природниот гас на меѓународните пазари.

Инфлација има и во Германија, Шпанија, и други земји во Европа. 

Слично

Поврзани вести