Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија самостојно ќе ја надминува економската криза

Словенија самостојно ќе ја надминува економската криза
И покрај продлабочувањето на економската криза, Словенија нема да се обраќа до Европската унија за помош, изјави словенечката премиерка Аленка Братушек. - Активно преземаме мерки за самостојно надминување на кризата, нагласи Братушек. Според Братушек, буџетот, кој денеска ќе биде претставен пред Парламентот е добро избалансиран. Таа призна дека состојбата на словенечката економија е мошне комплицирана, но додаде дека таа е подобра од првото тримесечие на оваа година. Словенија е првата земја во ЕУ, која пред почетокот на реформите на банкарскиот систем беше принудена да спроведува т.н. стрес тест на банките, додаде таа.
Слично

Поврзани вести