Словенија сака ЕУ да ги запре мигрантите уште на македонската граница
Построга контрола на бегалскиот бран по границите на Македонија и Грција ќе спречи дополнителна илегална миграција, но постои опасност од конфликти меѓу одделни земји во регионот, смета словенечкиот премиер Миро Церар, кој е за контрола на надворешните граници на ЕУ - на грчко-турската граница, но и на македонско-грчката граница.
Церар предложи ЕУ да и помогне на македонската Влада во решавањето на овој проблем. Своите предлози словенечкиот премиер ги испратил до лидерите на ЕУ, чија цел е да се спречи приливот на милиони бегалци во Европа, кои се очекуваат да стартуваат во пролет.
„Ги повикувам колегите од другите земји-членки на ЕУ да најдеме заедничко европско решение за бегалската и миграциона криза. Но не само со зборови, бидејќи пред портите на Европа чекаат милиони мигранти“, предупреди Церар.
Ограничувањата кои ќе бидат воведени од Австрија и Германија, ќе бидат применети и од Словенија по границата со Хрватска, рече уште Миро Церар и предупреди дека тоа „може да има негативен ефект за безбедноста на Балканот, која се уште е кревка„.
„И поради оваа причина со европски напори треба да го прекинеме пристигнувањето на мигранти на самата македонско-грчка граница“, истакна словенечкиот премиер и предупреди: „Словенија нема да станува „жешка точка“- за мигрантите, ако Австрија ги затвори границите.
