Словенија преку поголем број работни дозволи ги отвора вратите за странците
Словенија ги отвора вратите за странците, таак што го зголемува бројот на работни дозволи.
Според Бирото за вработување, бројот на работни дозволи е зголемен од 14.811 во 2015 година на 18.049 минатата година.
Словенечките организации на работодавачи очекуваат од владата да ги забрза мерките за справување со овој проблем и да изготви стратегија за промовирање на економската миграција.
Генералниот секретар на Здружението на работодавачи на Словенија (ЗДС), Јоже Смоле, вели дека вработувањето на странски работници е еден од кличните начини за решавање на ова прашање.
Слично
