Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија официјално ја приложи кандидатурата за генерален секретар на ОН

Словенија официјално ја приложи кандидатурата за генерален секретар на ОН

Словенечкиот амбасадор во ОН Андреј Логар официјално ја предложи кандидатурата на поранешниот претседател на земјата Данило Турк за функцијата генерален секретар на светската организација.

Турк, кој е професор по меѓународно право, беше претседател на Словенија од декември 2007 година до декември 2012 година.

63-годишниот Турк доби силна поддршка од актуелната влада на Миро Церар, како и од државниот главар Борут Пахор.

Опозициската Демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша постојано се спротивставуваше на кандидатурата на Турк поради неговата пристрасност за време на неговиот претседателски мандат. Според партијата на Јанша Данило Турк отворено ја бранел левицата во земјата.

Слично

Поврзани вести