Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија одобри застрелување на 230 мечки

Словенија одобри застрелување на 230 мечки

Министерството за природни ресурси на Словенија донесе решение со кое одобри застрелување на 230 кафени мечки од дивината.

Целта на одлуката е да се спречат сериозни штети и да се обезбеди здравјето и безбедноста на луѓето, изјави министерот Урош Брежан.

Целта е да се намали популацијата на кафеави мечки во Словенија на 800 во наредните години како оптимална бројка.

Како што објасни Брежан на прес-конференција во Љубљана, експертскиот предлог го подготвиле Институтот за шуми на Република Словенија и Институтот за заштита на природата на Република Словенија, земајќи ја предвид стручноста на Биотехнолошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана.


Слично

Поврзани вести