Словенија нема пари за старите штедачи на „Љубљанска бака“
Државата не може да им ги врати парите на поранешните штедачи на „Љубљанска банка“ ова го изјави Претседателот на словенечката влада Јанез Јанша и ја најави можноста за жалба на пресудата пред Европскиот суд за човекови права.
„Ја проучуваме пресудата на Европскиот суд за човекови права и кога ќе донесеме правна проценка ќе биде појасно дали Словенија ќе вложи жалба, односно на кој начин тоа ќе го стори“, рече премиерот Јанша вчера во Марибор.
Јанша изрази уверување дека пресудата, со која Словенија се прогласува за одговорна за исплатата на девизните заштеди на штедачите од БиХ, ќе биде променета во жалбената постапка која, според неговото мислење, може да биде преседан и за останатите слични случаи.
Пресудата, која судот во Стразбур ја соопшти во вторникот, правосилна ќе стане доколку на неа во следните три месеци не биде вложена жалба од една од странките во спорот.
Слично
