Словенија нема да прима бегалци, може да прифати максимум пет соработници на ЕУ од Авганистан
Словенија e подготвена да прими максимум пет соработници на ЕУ од Авганистан.
Министерот за надворешни работи Анже Логар, денеска изјави дека Словенија нема намера да прифаќа бегалци од Авганистан.
„Ќе покажеме солидарност со прифаќање на соработниците во ЕУ и засега нема да понудиме друг товар“, изјави Логар пред новинарите во Брисел.
На вчерашниот онлајн состанок европските министри за надворешни работи се согласија дека земјите -членки треба да обезбедат солидарност и помош за оние кои работеле како преведувачи за европската дипломатска служба или како локални логистичари и за членовите на нивните семејства, затоа што сега се соочуваат со „смртна закана” во Авганистан.
Европските министри на состанокот се согласија дека товарот од можни нови миграциски бранови од оваа земја треба да го преземат земјите во соседството на Авганистан за да не се повтори мигрантскиот бран како оној од 2015/16 година.
