Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОВЕНИЈА НАРАЧА БОДЛИКАВА ЖИЦА: Ќе ја стават на границата со Хрватска

СЛОВЕНИЈА НАРАЧА БОДЛИКАВА ЖИЦА: Ќе ја стават на границата со Хрватска

Словенија нарачала огромна количина на бодликава жица, наменета за поставување на границата со соседна Хрватска, со која треба да престане миграционит бран кон земјата.

Ова го пишува во денешниот број авторитетното словенечко издание „Дело“ на првата страница.

Водечкиот весник од Љубљана се потпира на сопствени извори и нагласува дека Владата не сака да ја потврди или да ја негира оваа информација. Жицата е нарачана од Полска и треба да пристигне во наредните неколку дена во Словенија.

На прашањето дали владата има веродостојни информации дека Германија и Австрија во скоро време ќе ги затворат границите за мигранти, што од своја страна ќе значи Словенија да стави ограда на Шенген границата со Хрватска, премиерот Миро Церар одговори нејасно. Сепак тој повтори дека Словенија ќе биде должна да реагира самостојно, ако миграцискиот бран продолжи на неконтролиран начин. Тој исто така не ја исклучил можноста за воведување на посебни мерки на границата со Хрватска.

„Ако бидеме соочени со огромен миграциски бран, кој не можеме да го контролираме и особено, ако Германија и Австрија го ограничат прифаќањето на мигрантите, подготвени сме да поставиме и физичко каптирање по границата“, изјавил Церар, но не прецизира дека тоа не би значело целосно затворање на границата, туку само подобра контрола.

Слично

Поврзани вести