Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија најмирна во регионот, Косово и Македонија на дното!

Словенија најмирна во регионот, Косово и Македонија на дното!

Институтот за екомија и мир и оваа година го објави Глобалниот индекс на мир за 2015 година, односно листа на „најмирни земји“ на која се Ирска и Данска и понатаму на врвот, а од земјите од регионот најмногу котира Словенија на 15 место.

Листата е составена на база на глобалните индекси на мир, слобода, трговија, култура, економија, политика и други фактори, како односи со соседните земји и вклученост во меѓудржавни конфликти.

Како и минатата година, Ирска е прогласена за најмирна и најпогодна за живот од тој аспект, а Данска остана втора, и покрај фактот дека во средината на февруари во Копенхаген се случија два терористички напади.

Од 20 најмирни 15 во Европа

Листата содржи вкупно 162 држави, од кои во 81 е забележано зголемување на мирот, а во 78 од нив е забележан тренд на дестабилизација и слабеење на мирот.

Интересно е дека меѓу 20 најмирни земји дури 15 се од Европа.

Десет најмирни во светот, земји се Ирска, Данска, Австрија, Нов Зеланд, Швајцарија, Финска, Канада, Јапонија , Австралија и Чешка.

Од земјите во регионот најдобро котира Словенија на 15 место, Хрватска 27, а следи Србија на 46 место.

Албанија се наоѓа на 52 место на листата, следи БиХ на 53, Црна Гора е на 57 додека Косово и Македонија се наоѓаат на 69 и 71 место.

Напредок на Македонија, Србија , БиХ и Албанија

Во споредба со извештајот од лани, најголем напредок остварила Македонија, која забележала раст за 16 места и од 87 дошла на 71 место.

Србија направила поместување за шест позиции, додека Албанија направила напредок за 13 места.

И Босна и Херцеговина напредувала од 61 на 53 место.

Од друга страна, Словенија и Хрватска назадувале за по едно место, Црна Гора за две позиции, додека Косово забележало пад за пет места.

На дното на листата се наоѓа Сирија , а пред неа се Ирак и Авганистан.

Либија и Украина, се оценети како земји со највисок пад на индексот на мир во изминатава година.

Слично

Поврзани вести