Словенија мора брзо да делува
Условите под кои на Кипар му беше одобрен пакетот финасиска помош од ЕУ од 10 милијарди евра, мора да биде предупредување за осетливите економии во еврозоната.
Ова важи и за Словенија која мора своите финасиски и банкарски проблеми што побрзо да ги реши, пренесуваат локалните медиуми.
Единствениот вистински начин за новата словенечката влада да ја избегне ситуација во која беше принудена да побара финансиска помош е брзо спроведување на мерки за спасување на банките, пишува љубљански Дело, цитирајки мислење на финансиски аналитичари.
Тие сметаат дека новата Влада мора да дејствува брзо во наредните два месеци да ја претстави својата буџетска политика, мерки за справување со седум милијарди лоши кредити, акумулирани во словенечкиот банкарскиот систем.
Ако се спроведат веродостојни мерки, Словенија во мај или најдоцна во јуни ќе може да смета на позајмица од меѓународните финансиски пазари со што ќе се создадат одржливи каматни стапки за рефинансирање на нови државни обврзници.
Во спротивно, Словенија ќе дојде во ситуација мерките за штедење во замена за одобрената помош да и ги диктира "тројката".
-Мораме да делуваме во наредните два месеци, толку време имаме ако сакаме да ги продадеме обврзниците. Но проблемот ќе продолжи ако ништо не се случи до есен, тврди економистот Игор Мастен и додава дека до тогаш би било предоцна за преземање на самостојни мерки кои би ги донела владата.
Новиот словенечки министер за финасии Урош Чуфер изјави дека Кипар по својата структура, базирана на финасиската индустрија, целосно е неспоредлив со Словенија и дека проблемите во кипарските банки биле многу поголеми отколку оние во неговата земја.
Слично
