Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија крои план за спас на економијата

Словенија крои план за спас на економијата

 Според прогнозите на економистите Словенија  би и можела да биде следна држава која ќе побара европска помош. Земјата на 9 мај ќе го претстави акцискиот план за поправање на состојбата на економијата.

„Ќе подготвиме програма за стабилизација и реформа до 9 мај, и веднаш потоа ќе ја испратиме во Брисел. Свесни сме дека немаме на располагање недели ниту месеци, туку само денови“, рече словенечката премиерка Аленка Братушек.

Според  Братушек, Владата исто така треба да подготви ревизија на буџетот, бидејќи како што рече, наследениот буџет е „далеку од добар“, бидејќи е заснован на нереалистички проценки.

Слично

Поврзани вести