Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија крева „технички пречки“ на границата со Хрватска

Словенија крева „технички пречки“ на границата со Хрватска

Премиерот на Словенија, Миро Церар денеска изјавил дека неговата земја ќе крене „привремени технички пречки“ на границата со Хрватска, за да го совлада приливот на имигранти, но ќе ги остави границите отворени.

Повеќе од 170 000 имигранти и бегалци преминаа во земјата од средината на октомври, кога Унгарија ја затвори границата со Хрватска. Се очекува уште 30 000 да пристигнат во Словенија во следните неколку дена.

„Во наредните денови ќе почнеме да поставуваме привремени технички пречки на границата, за да го насочиме протокот на имигранти“, изјавил Церар на прес-конференција. „Ние не ја затвораме границата. Сакаме да го контролираме имигрантскиот поток и да спречиме хуманитарна катастрофа“, додал премиерот.

На крајот на октомври Австрија исто така најави слична мерка за границата со Словенија. Унгарија веќе издигна челична ограда долж границата со Србија и Хрватска, со што го навлече гневот на многу од соседите.

Од средината на септември Германија ги искористи исклучоците предвидени во Шенген договорот за вонредни ситуации, и воведе привремена контрола на своите граници. Неодамна германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер го информираше Брисел дека контролата на границите ќе биде продолжена до 13 ноември, а ако ситуацијата не се нормализира - режимот ќе остане до средината на февруари.

Слично

Поврзани вести