Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија ќе гради втор блок на нуклеарната централа Кршко?

Словенија ќе гради втор блок на нуклеарната централа Кршко?

Втор блок на нуклеарната централа Кршко планира да гради Словенија, а предлогот за тоа е составен дел од коалицискиот договор на Владата на премиерката Аленка Братушек.

Предвидено е за изградбата на новиот блок да биде одржан референдум  и тоа пред завршувањето на редовниот мандат на актуелната Влада, односно до 2015 година.

Советодавниот референдум за можноста за изградба на вториот блок би чинел меѓу 3,5 и четири милијарди евра. Изградбата на вториот блок е предвидена со се уште важечкиот план за развој на Словенија до 2023 година, но дискутабилно е финансирањето на тој проект, а против него се и невладините организации.

Доколку изградбата се спроведе, сопственик на новиот блок би била „Ген-енергија“, фирмата која управува со словенечкиот дел на нуклеарката Кршко.

Слично

Поврзани вести