Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија ќе го зголеми буџетскиот дефицит до 4,4 проценти

Словенија ќе го зголеми буџетскиот дефицит до 4,4 проценти

Властите на  Словенија гласаа за ревидирање на буџетот за 2013 година и го зголеми буџетскиот дефицит до 4,4% од БДП. Промените се должат на влошување на кризата и потребите на високо задолжениот банкарски систем.

Претходниот буџет, одобрен по предлог на конзервативната влада на Јанез Јанша, очекуваше буџетски дефицит од 2,8%. Со оваа ревизија на буџетот, јавните расходи во 2013 година ќе изнесуваат 9,6 милијарди евра и очекувани приходи од 8,1 милијарди евра. Во 90-члениот парламент корекцијата беше усвоена со поддршка на 46 пратеници, 32 се спротивставија, а 4 се воздржаа.

“Претходниот буџет е нереален. Уште повеќе, дека економската ситуација во земјата се влоши. Ние ќе бидеме во можност да ги решиме проблемите, без какво и да е барање за меѓународна помош”, рече за време на парламентарната дебата Аленка Братушек, објави „Бизнис Вести“.

Словенија, која е членка на Европската унија од 2004 година и на еврозоната од 2007 година, беше спомената во април како потенцијален кандидат за меѓународна помош по спасувањето на Кипар. Причината е најмногу банкарскиот сектор, кој е потонат во долгови.

На 9 мај владата претстави план за стабилизирање на државните финансии, и вклучува зголемување на ДДВ од 20% на 22%, воведување на нов данок на имот и ново штедење на трошоците за јавниот сектор.

Дефицитот се очекува да достигне 7,8% од БДП во 2013 година во однос на 4,0% во 2012 година, според владините проценки во мај.

Европската комисија усвои на 29 мај дополнителен рок од две години, т.е. до 2015 година да се намали буџетскиот дефицит под 3%, како што е предвидено во Договорот од Мастрихт.

Слично

Поврзани вести