Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија ќе ја употреби армијата против бегалците, Словачка не сака бази на НАТО

Словенија ќе ја употреби армијата против бегалците, Словачка не сака бази на НАТО

Парламентот на Словенија го одобри користењето на армијата за контрола на ситуацијата со новите мигранти во земјата.

За прифаќање на амандманот во Законот за заштита на државните граници, гласаа 69 пратеници, а против - само петмина.

Амандманот во закон дозволува да биде активирана армијата за контрола на потокот мигранти. Тој веќе беше поднесен за разгледување во парламентот во октомври минатата година. Тогаш сепак пратениците беа на различни мислења по ова прашање и измените во законот не беа прифатени.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Словенија вкупниот број на влезени мигранти во земјата само оваа година е 93 500 луѓе.

Вкупниот број бегалци во Словенија сега надминува 472 000 луѓе.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лаичик изјави дека неговата земја не планира да има на своја територија бази на НАТО.

„Словачка нема потреба од создавање на бази на Алијансата на својата територија. Ние не се чувствуваме загрозени во таков степен да молиме за нешто такво“, рече Лаичик.

Шефот на словачката дипломатија сепак го поздрави зајакнувањето на „источното крило“ на НАТО преку распоредување во Полска, балтичките земји, Бугарија и Романија на единици на сили за брза реакција со вкупно 5 000 војници.

Лаичик изрази надеж дека Словачка во иднина ќе може да ги зголеми трошоците за одбрана, кои сега претставуваат околу 2% од БДП на земјата.

Слично

Поврзани вести