Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија го реформира пазарот на труд, се воведува привремена работа за пензионери

Словенија го реформира пазарот на труд, се воведува привремена работа за пензионери

Словенечкиот Парламент едногласно го усвои денеска законот за реформирање на пазарот на труд, што има за цел зголемување на конкурентноспособноста на економијата на земјата, јави ДПА.

Новиот закон го олеснува вработувањето, но и отпуштањето од работа, воведува привремена работа за пензионерите и привремено ослободување од работа со исплаќање на 80% од платата, како и намалување на задолжителниот период за известување за заминување од работа од 120 на 80 денови.

Со реформите ќе се дозволи привремено вработените да претставуваат 25% од работната сила во компанијата, но тоа нема да важи за малиот бизнис.

Словенечките партии ги усвоија реформите, една недела откако премиерот Јанез Јанша, лидер на конзервативната Словенечка демократска партија, беше разерешен, откако Парламентот му изгласа недоверба, поради обвинението за корупција.

Лидерката на најголемата опозициска партија „Позитивна Словенија“ Аленка Братушек го доби мандатот за составување нов кабинет. Братушек треба да го претстави составот на владата пред Парламентот до 14 март.

Слично

Поврзани вести