Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОВЕНИЈА ЈА ТУЖИ ЕК ПОРАДИ ВИНО: Што им е спорно?

СЛОВЕНИЈА ЈА ТУЖИ ЕК ПОРАДИ ВИНО: Што им е спорно?

Словенската влада одлучила да ја тужи Европската комисија поради тоа што таа со делегиран акт дозволила на порачјето на ЕУ да се продава истарски теран (вид сортно вино) под името „Хрватска Истра- теран“ .

Од судот на ЕУ во Луксембург Словенија ќе бара да го поништи спомнатиот акт, пренесуваат извори блиски до словенскиот министер за земјоделие, пишуваат медиуми од регионот.

Словенија пред влезот во ЕУ го регистрирала својот крашки теран како бационален бренд и производ со заштитно потекло и тврди дека тоа вино изворно може да се произведува само во Словенија, на подрачјето на Крас кое наводно има специфична микроклима и тло.

Жидан во почетокот на неделата изјавил, најавувајќи тужба против ЕК, дека Словенија за неа обезбедила мислење на експерти, и дека Европската комисија застанала на страна на Хрватска во „винскиот спор“ кој трае со години.

„Европската комисија со делигиран акт легализираше незаконско означување на производи, не само во иднина, туку и за периодот на потекло, а на тој начин таа легализира кршење на правни текови“, рекол Жидан.

Слично

Поврзани вести