Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОВЕНИЈА ЈА СТОПИРА УПОТРЕБАТА НА ЏОНСОН И ЏОНСОН: Се испитува дали смртта на 20-годишната девојка е поврзана со вакцинацијата

СЛОВЕНИЈА ЈА СТОПИРА УПОТРЕБАТА НА ЏОНСОН И ЏОНСОН: Се испитува дали смртта на 20-годишната девојка е поврзана со вакцинацијата

Словенија денеска донесе одлука привремено да ја прекине вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Џонсон и Џонсон“, се додека не се разјаснат околностите за смртта на 20-годишна девојка која почина од мозочен удар две недели по вакцинацијата.

-Имаше сериозен несакан настан по вакцинацијата и случај кој заврши трагично. Изразувам сочувство до роднините на починатите", рече министерот за здравство Јанез Поклукар на прес -конференција во Љубљана.

Додаде дека токму од оваа причина Владата, на предлог на експертската група, ја донела одлуката за привремено прекинување на вакцинацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

-Нема да има вакцини со оваа вакцина додека стручната комисија не ја испита медицинската документација и не утврди дали смртта на 20-годишната девојка е поврзана со вакцинацијата, по што ќе се одлучи дали тој тип на вакцина сепак ќе се користи или не, нагласи Поклукар.

Истовремено додаде дека до денес, само уште еден смртен случај бил регистриран во Словенија, исто така кај помлада жена која прво добила тромбоза, а починала во болница подоцна по мозочен удар, и дека во тој случај се потврдила врската помеѓу вакцинацијата и смртта.

-Но, морам да нагласам дека досега вакциниравме 120.000 луѓе со оваа вакцина во Словенија и дека придобивките од вакцинацијата далеку ги надминуваат можните ризици, рече словенечкиот министер за здравство, додавајќи дека се надева дека трагичниот случај нема да доведе до намалување на интересот во вакцинацијата.


Слично

Поврзани вести