Словенија го измени Законот за семејство: Бракот е заедница на две лица, истополовите партнери можат да посвојуваат деца
Националното собрание на Словенија ги усвои измените на Законот за семејство, според кои бракот се дефинира како животна заедница на две лица. Во исто време, дозволено е истополовите партнери во заедницата да можат заеднички да посвојат дете, под исти услови како и сопружниците.
За измени на Законот за семејство гласаа 48 пратеници во словенечкиот парламент, а 29 беа против, пишува Дело.
Измените уследија по уставната одлука објавена во јули. Според неа, сегашната регулатива, според која може да стапат во брак само лица од различен пол, а истополовите партнери во формално партнерство не можат заеднички да посвојат дете, не е во согласност со уставната забрана за дискриминација.
Уставниот суд му наложи на Собранието да ја отстрани неуставноста во рок од шест месеци.
Се пропишува и дека до измените во законот бракот е животна заедница на две лица, без разлика на полот, а истополовите партнери во партнерство можат заеднички да посвојат дете под исти услови како и сопружниците.
Според мислењето на Уставниот суд, одлуката не го намалува значењето на институцијата традиционален брак како животна заедница на маж и жена и не ги менува условите или последиците од бракот меѓу лица од различен пол.
Предлагач на измените на законот е Владата, која рече дека дискриминацијата не може да се оправда со традиционалното значење на бракот како заедница на маж и жена, ниту со посебна заштита на семејството.
Тоа само значи дека отсега освен хетеросексуални партнери може да се венчаат и истополови партнери, посочија од словенската влада.
Фото: unsplash
