Словенија ги вработува врвните спортисти во државната администрација
Словенечката Влада на денешната седница донесе одлука за вработување на четворица врвни спортисти во Царинската управа на Словенија. Вработувањето е на една година, со можност за продолжување на договорот.
Меѓу нив е и врвниот биатлонец Јаков Фак, кој во 2010 година го замени хрватското со словенечко државјанство, а сега доби и вработување од словенечката Влада.
Фак на Словенија и донесе три медалји од светските првенства - злато на 20 км и сребро во мешана штафета на Светското првенство во 2012, како и бронзен медал во трката на на 10 км на Светското првенство во 2013. На неодамнешните Зимски олимписки игри настапи во Сочи настапи за Словенија. Најдобриот пласман го оствари во трката на 15км, каде што беше четврти, додека во спринт на 10км беше 10-ти.
Инаку праксата за вработување на врвните спортисти во војската, полицијата и некои други државни служби во Словенија трае од 1996 година.
Слично
