Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија е прогласена за најчиста земја на светот

Словенија е прогласена за најчиста земја на светот

Словенија ја понесе престижната титула за најчиста земја на светот. 

Земјата чии 60 отсто од територијата се покриени со шума, доби меѓународно признание за екологија и одржливост. Утврдено е дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост, а помеѓу околу 80-те задоволени индикатори се грижата за животната средина и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност. 

Словенија е на трето место на листата од 10 земји на ОЕЦД со најмногу рециклиран отпад, а со воведување на јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забрана за возење на автомобили во центрите на поголемите градови, успеа да ја намали емисијата на штетни гасови. Во Словенија има 20.000 видови животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати.

Љубљана уште во 2016 година ја понесе титулата на најзелен град во Европа. 

И во 2018 година, Словенија беше прогласена за најчиста земја на светот. 

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести