Словенија: Делта сојот стана доминантен
Делта сојот стана доминантен во Словенија.
Овој сој за само неколку недели, го надмина алфа сојот и стана доминантна варијанта во земјата. Во последниот круг на секвенционирање, делтата е потврдена во дури 89 проценти од примероците, според податоците објавени денес од Словенечката национална лабораторија за здравје, животна средина и храна, пренесува СТА. Делта сојот, кој првпат беше откриен во Индија, е потврден во Словенија за прв пат пред пет недели, а дури минатата недела имаше мал удел во инфекциите.
Тој се појави кај две групи ученици кои се вратиле од училишно патување во Шпанија на почетокот на јули.
Слично
