Словенецот кој се вакцинираше за други лица ќе лежи затвор
Словенецот кој за пари се вакцинираше во името на други лица доби 10 месеци затвор.
Тој доби затворска казна поради измама. Четворицата мажи кои му платиле за оваа „услуга“ се казнети парично. Двајца се казнети со по 2.550 евра, а другите двајца по 1.360 евра. Словенецот кој шест пати се вакцинирал е откриен на крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му е одредена мерка притвор. Слични измами имаше во повеќе земји во светот. Луѓето сакаат да добијат ковид сертификати, но не и да се вакцинираат, и затоа прибегнуваат кон измами.
foto freepik.com
Слично
