СЛОВЕНЕЧКИТЕ ЕПИДЕМИЛОЗИ СО АЛАРМАНТНА ПРОГНОЗА: Есенскиот бран може да биде полош од минатата година заради делта сојот
Владата на Словенија
ја забрзува кампањата за вакцинација против корона вирус, така што центрите за
вакцинација ќе бидат отворени за секого од 8 до 22 часот, а епидемиолозите
предупредуваат дека есенскиот бран може да биде полош од минатата година поради
делтата варијанта, доколку вакцинацијата не се зголеми
-Ако сакаме да го избегнеме четвртиот бран на пандемија и преполни болници, се препорачува барем сите постари од 40 години да бидат вакцинирани што е можно поскоро за да се заштитат од потешкиот тек на болеста. Претпочитана вакцинација на возрасната популација е најмалку 90 проценти, објави научниот Институт „Јожеф Штефан“, кој прави прогнози за епидемијата и промовира вакцинација.
Степенот на пандемијата се зголемува
Во моментов, 46 проценти од луѓето над 18 години и 60 проценти од оние над 50 години се целосно вакцинирани во Словенија. Според Министерството за здравство, моменталниот репродуктивен број на ширење на вирусот во Словенија е 1,25, а покрај локалните инфекции, дневно има и по 15 увезени.
-Размерот на епидемијата се зголемува иако сме среде сезона на летни одмори, а минатата година епидемијата беше во опаѓање“, велат епидемиолозите.
Тие предупредуваат дека во последно време од секвенционираните примероци, скоро 100 проценти се варијанти на делта и во случај вакцинацијата да не се зголеми брзо, есенскиот бран во однос на бројот на дневни инфекции и хоспитализации може да биде полош од минатата година.
Со цел да се зголеми достапноста за вакцинација, во иднина сите центри за вакцинација ќе бидат отворени од 8 до 22 часот, има доволно вакцини, а сите над 12 годишна возраст можат да се вакцинираат, вклучително и оние кои претходно се заразиле и заболеле од корона вирсуот.
Во Словенија, потврдени се 31 инфекција со 647 ПЦР -тестови во последните 24 часа, во моментов има 1103 активни случаи на инфекција, а просекот на идентификувани дневни инфекции на неделно ниво е 87, објави владата.
