Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенечкиот синџир „Туш“ ги затвора продавниците во Босна и Херцеговина

Словенечкиот синџир „Туш“ ги затвора продавниците во Босна и Херцеговина
Словенечкиот синџир за трговија Туш ги затвора своите продавници во цела Босна и Херцеговина, потврдија денеска од управата на компанијата. Својата одлука ја оправдуваат со природните катастрофи што ја зафатија оваа земја. „Заради тешката ситуација и нестабилното опкружување, ТУШ Трејд ги покрена сите формалности за затворање на продавниците во БиХ“, се наведува во образложението испратено до 92-те фирми-добавувачи. „Претпријатието годинава планираше подобрување на работата, но тешката економска ситуација и помалата куповна моќ во овој регион беа значително влошени со природните катастрофи и самоволните активности на наекои добавувачи, кои немаат разбирање за ситуацијата, па со своите блокади во работата оневозможија нејзино надминување“, се наведува во соопштението и се нагласува дека заради ова ТУШ се соочувал со големи предизвици во работата. На ваквото известување бурно реагираат добавувачите од БиХ, кои го обвинија Туш дека се обидува да ги измами, користејќи ги природните катастрофи како изговор.
Слично

Поврзани вести