Словенечкиот Премиер обвинет за корупција
Словенечкиот премиер Јанез Јанша најавил дека од раководството на својата демократска партија (СДС) ќе побара тајно гласање за тоа дали тој треба да поднесе оставка на функцијата претседател на СДС.
Ова се случува откако беа објавени од Комисијата за превенција на корупцијата која утврдила дека тој го зголемил личниот имот „несразмерно и необјасниво“ за најмалку 210.000 евра. Во извештајот пишува дека Јанша во тој период „кофинансирал купување недвижнини од приватно претпријатие“ и дека со „правно делување на штета на тоа претпријатие“ стекнал имотна корист од околу 100 илјади евра.
Претходно и министерот за надворешни работи на Словенија и претседателот на Парламентот Грегор Вирант, побара оставка од премиерот Јанша и од водачот на опозицијата и градоначалник на словенечкиот главен град Зоран Јанковиќ поради недокажано потекло на пари на нивните приватни сметки. Антикорупциската комисија кај опозиционерот Зоран Јанковиќ открила 2,4 милиони евра на приватни сметки.
Во Словенија изби вистинска криза по обвинувањата за корупција во првите редови на владата и опозицијата.
Слично
