Словенечкиот план за спас на банките го зголеми буџетскиот дефицит
Податоците на националната статистичка служба на Словенијa откирваат дека словенечкиот план за спас на националните банки од глобалната финансиска криза, минатата година го зголемил буџетскиот дефицит на земјата до 5,17 милијарди евра или 14,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Без докапитализација на банките во државна сопственост во декември беше предвидено дефицитот да изнесува 1,54 милијарди евра или 4,4 проценти од БДП, стои во соопштението.
Минатата година државниот долг на Словенија се зголеми за над шест милијарди евра, достигнувајќи 25,3 милијарди евра или 71,7 отсто од БДП.
За 2014 година дефицитот се очекува да биде 4,2 отсто од БДП, а долгот 81 процент од БДП.
Слично
