Словенечкиот БДП се зголеми за повеќе од 16 проценти
Словенија бележи добри економски резултати и во време на пандемија.
Словенечкиот БДП во второто тримесечје од годинава беше за 16,3 проценти повисок отколку во истиот период лани, објави денеска Заводот за статистика. Поради владините мерки за зачувување на економската активност за време на пандемијата, економијата продолжува да закрепнува многу добро, велат словенечките аналитичари.
Земјата има раст на надворешната трговија, а воедно се зголемија инвестициите и потрошувачката на домаќинствата. Во споредба со вториот квартал лани, увозот во вториот квартал е зголемен за 34,9 проценти, а извозот за 30,2 проценти.
Во услови на пандемија многу светски екомомии се соочија со пад на БДП и рецесија. Во првите три месеци и Франција имаше стагнација.
