Словенечки модел – боледувањето ќе се исплаќа преку фирмите
Боледувањата и породилните надоместоци ќе се исплаќаат преку фирмите и нема веќе да има доцнење во исплатата, најави директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева Змејкова, презентирајќи мерка од партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа најавува дека по изборите ќе биде вовоеден словенечкиот модел - фирмите ќе ги исплаќаат боледувањата и породилните надоместоци на ист ден со платите, а потоа нив парите ќе им ги врати Фондот за здравство.
„Со овој проект ќе се обезбеди континуитет во приливот на средства на граѓаните во услови кога им се најпотребни во ист датум како и платата на нивните колеги“, потенцира Парнарџиева Змејкова.
Бенефит од проектот се очекува да имаат околу 30.000 граѓани кои користат боледување. Истовремено, таа од партиска говорница најави и дека секој човек кој ќе дарува орган или коскена срцевина доживотно ќе биде ослободен од партиципација во јавното здравство, а државата ќе ги покрие и сите испитувања на лицата кои сакаат да бидат потенцијални донори.
Слично
