Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенечки инвестициски фонд стана трет најголем акционер во „Фершпед“

Словенечки инвестициски фонд стана трет најголем акционер во „Фершпед“
Според достапните информации, фондот „Алпен Си“ своето учество во „Фершпед“ го зголемил за 50 отсто докупувајќи 350 акции со што неговиот стек изнесува 1.064 акции односно 5,87 отсто од капиталот на најголемата македонска шпедиција Словенечки инвестициски фонд стана трет по големина акционер во „Фершпед“ откако докупи 350 акции со право на глас, објави најголемата македонска шпедитерска компанија на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Со откупот на 350 акции, фондот „Алпен Си мешовит флексибилен под фонд“ се стекна со вкупно 1.064 акции со право на глас и сега поседува 5,87 отсто од сите акции во „Фершпед“. Со последниот откуп на акции словенечкиот фонд својот стек во „Фершпед“ го зголемил за 50 отсто. Во објавата на „Фершпед“ нема информација за колку пари „Алпен Си“ откупил 350 акции во македонската компанија. Сега „Алпен Си“ е трет по големина инвеститор по браќата Драган и Сашо Накови кои заедно поседуваат 22,87 отсто од акциите, а пред поранешниот директор во „Фершпед“ Драгослав Димевски кој поседува 5 отсто од акциите. „Алпен Си“ подфонд Југоисточна Европа е управуван од друштвото за управување со инвестициски фондови „Алпен инвест ДОО“. Ова друштво всушност е новото име на словенечкото друштво за управување со инвестициски фондови „Национална финансиска дружба“ кое беше преименувано во јули годинава во „Алпин Си“. Иако во името на фондот стои географската одредница Југоисточна Европа, најголем дел од неговото портфолио е составено од акции на реномирани словенечки компании. Дури 9 отсто од неговото портфолио отпаѓа на акциите на „Цинкарна Цеље„ па 7,9 отсто на словенечката државна компанија „Петрол“ по што следуваат: „Крка“ со 7,8 отсто и „Хелиос“ Домжале со 5,9 отсто. На листата на фондот се уште „Меркатор деловен систем“ со 4,6 отсто, па „Триглав Осигурување“ со 4,3 отсто и Телеком Словенија со 4,2 отсто. Во отсуство на официјални информации кои ги нема во оскудниот извештај објавен на берзата, може да се претпостави дека словенечкиот фонд „Алпин“ можеби купувал акции од инвестицискиот фонд „Кувест“ кој порано беше сопственик на акции во „Фершпед“ и се обиде кон крајот на минатата година да наметне точка на дневен ред за солидна дивиденда, која воопшто не беше ставена на дневен ред. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести