Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенечката премиерка ќе поднесе оставка во понеделник

Словенечката премиерка ќе поднесе оставка во понеделник
Словенечкиот премиер Аленка Братушек соопшти дека постигнала договор со коалициските партнери да поднесе оставка во понеделник, за да се создадат услови за предвремени избори во јуни , пренесе AFP . "Се договоривме дека за Словенија ќе е најдобро можно поскоро да се одржат предвремени избори, поради што ќе го информираме во понеделник претседателот на парламентот за мојата оставка", изјави Братушек пред новинарите по средбата со лидерите на коалициските партнери. Истовремено Братушек ги повика пратениците да се откажат од правото на следните по број пратенички групи да се обидат да формираат влада. Потсетуваме дека минатата недела Братушек го предаде Претседателското место во својата партија PS на градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ. Тој е основач на партијата и нејзин претходник.
Слично

Поврзани вести