Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенечката полиција откри малолетни имигранти во бугарски камион

Словенечката полиција откри малолетни имигранти во бугарски камион
Седум малолетни илегални мигранти од Авганистан беа откриени во бугарски камион при акција на словенечката полиција на границата со Хрватска. Бегалците беа пронајдени, откако апаратот за откривање на јаглерод диоксид oтчитал невообичаено висока концентрација на гас и била направена дополнителна проверка. Авганистанците се на возраст меѓу 12 и 17 години, затоа не се предадени на правосудните органи. Возачот на камионот е 38-годишен бугарски државјанин. Против него е покренато обвинение за учество во нелегално преминување на границата. Од полицијата во административниот центар Марибор не објавен неговиот идентитет.
Слично

Поврзани вести