Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенечката економија лани со раст од 2,9%

Словенечката економија лани со раст од 2,9%
Економијата на Словенија во 2015 година бележи раст од 2,9%, што е подобар резултат од очекуваното, соопштуваат од Државниот завод за статистика. Забележан е раст на домашната потрошувачка, која се зголеми на 2,1% од година во година и се движи кон зголемување од 3,7% во последниот квартал. Бруто инвестициите се намалени на 4,4% од 5,7% во претходната година. Извозот како главен мотор на растот, забави на 5,2% од 5,8%, додека увозот се зголеми на 4,4%. Според Заводот за статистика  извозот  останува главен носител на растот, но домашната потрошувачка станува сè повеќе важна. Растот во 2015 година ги надминува сите домашни и меѓународни проекции, кои предвидуваа раст од 2,3% или  2,7%. Технички гледано, Словенија беше надвор од рецесија од третиот квартал на 2013 година, а во 2014 година словенечката економија порасна за 3%.
Слично

Поврзани вести