Словенец седум пати се вакцинирал за други лица, полицијата го приведе
Приведен е Словенец кој седум пати се вакцинирал за други лица.
Тој во последните два месеци седум пати е вакциниран, а кривично ќе одговараат уште четворица, на чие име е вакциниран за да добијат потврди за ковид-19. Тие се товарат за манипулација при вакцинација. Полицијата објави дека четворица мажи кои не сакале да се вакцинираат, за пари ангажирале лице со социјални проблеми, кое се вакцинирало во различни центри за вакцинација користејќи го нивниот здравствен документ, а е уапсен кога по осми пат се пријавила за вакцинација и сега е во притвор. Првите случаи на слично фалсификување на КОВИД статусот во Словенија се забележани во септември.
Во Словенија имаше случај каде човек дури 23 пати се вакцинирал во име на други лица.
Вакви примери имаше и во други земји во светот.
Слично
