Словенците живеат подолго од повеќето Европејци - колку е просечниот век?
Словенците живеат подолго од повеќето Европејци.
Словенија ја зацврсти својата позиција како една од европските земји со највисок животен век, според најновите податоци. Просечниот очекуван животен век во земјата е 82 години, што ја става над европскиот просек, кој се движи меѓу 79 и 81 година.
Според податоците на словенечката влада, мажите во просек живеат 79,1 година, додека жените достигнуваат до 85 години. Важно е и тоа што „здравите години живот“, односно периодот кога луѓето живеат без сериозни здравствени проблеми, исто така се издвојува:
- Мажи: 65 години
- Жени: 68,5 години
Овие бројки се значително над просекот на Европската Унија, наведуваат од владата.
Слично
